Кратко био за предавачите

Ана Стојановска

Психотерапевт/ Организациски коуч

Ана Стојановска е сертифициран психотерапевт, организациски коуч и основач на приватна

пракса Sense of Self, во Скопје, Северна Македонија. Во својата работа, како во индивидуални

тераписки сесии така и во организациски работилници и коучинг, посветено работи на

потешкотиите поврзани со стрес на работното место, справување со авторитети и тешки

клиенти, страв и анксиозност во разрешување на проблеми и донесување одлуки, трауматски

искуства и предизвици. Континуирано развива програми за остварување на лидерските

потенцијали на работното место, за смирување на стресните реакции на нервниот систем, за

поставување цели за личен развој и за целокупно автентично живеење.

Со титулата сертифициран Гешталт психотерапевт се стекна во Европски акредитираниот

Гешталт Институт- Скопје и има повеќе од 13 години искуство на работа со клиенти во

индивидуални сесии и развојни групи. Како дипломиран психолог, лиценцирана е од

Комората на психолози на Република Северна Македонија. Својата едукација континуирано ја

надополнува, и од 2023та година поседува и сертификат за примена на Поливагален пристап

во психотерапија и организациски коучинг. Тековно активно работи и како Гешталт бизнис

консултант за што е сертифицирана од од Европската Асоцијација на Гешталт Терапевти (ЕАГТ).

Својата приватна пракса ја основа во 2022г., по заокружување на 12 години активна работа

како Интерен Тренер/Коуч во интернационална компанија за директна продажба, за неколку

различни земји на Балканот. Како организациски тренер за меки вештини започна да се

развива од 2005г., во улога на Екстерен Тренер/Консултант, преку активно креирање и

одржување работилници, коучинг сесии и презентации за мали и големи аудиториуми за

потребите на различни бизнис организации.

м-р Фросина Ристовска, ко-основач, executive coach, консултант за

организациски развој, психотерапевт, супервизор, тренер

Моето име е Фросина, ко-основач на WhiHub, ICF PCC коуч, консултант за организациски развој, тренер, супервизор, психотерапевт, лидер и мајка. Низ долгогодишното искуство најпрво во приватниот здравствен сектор, а потоа во интернационални компании како дел од тимовите за учење и развој и талент менаџмент, работата со луѓе и ефектите од различните релации ми биле секогаш во фокус. Држејќи ја целокупната интелигенција и нејзините пет различни способности, работам со лидери и менаџери од различни индустрии

низ нивниот процес на градење резилиентни и здрави системи преку негување и развивање на нивната целокупна интелигенција. Мојот интерес за индивидуи, тимови и големи системи е поддржан дополнително од моето верување дека релациите и автентичноста се клучни за секој здрав организам, и дека

релациските трауми влијаат на нашето пројавување како лидери и менаџери. Кога не работам, времето ми поминува во негување на играта и креативноста со мојот син, читање добра книга, гледање документарни филмови и патувања.

Марина Анчевска

Животот е процес, развојот е опција!

МОЈАТА УНИКАТНОСТ:

Примена на уникатна комбинација на системски и внимателно одбрани НЛП техники за да се разберат процесите што се одвиваат во семејствата, тимовите и организацијата како целина. Се со цел да се прифатат и да се изменат процесите за да може да имаат позитивен ефект врз системот во кој што индивидуата припаѓа или е дел од него.

Accredited Fellow Coach (AFC)

Accredited Fellow Mentor (AFM)

with the IAPC&M

Internationally certified

NLP MASTER TRAINER

at NLP University – Santa Cruz,

California, USA

Internationally certified

TIME LINE THERAPY® MASTER

PRACTITIONER

at The Tad James Co.

Наташа Маџевска

Гешталт Психотерапевт

Наташа Маџевска е родена 01.12.1971 год. Многу ведра како дете и лесно комуникативна .

Дипломиран професор по предучилишно образование и работно искуство од 22 години во

градинка со работа со деца од 2 - 6 години. Во текот на работењето во градинка постојано се

едуцира за развојна методолија за работа со деца и работа по стандарди. За време на

студирањето интересот кон психологијата го развива од својата професорка по психологија Весна

Јаневски. Во 2002 се запишува на Гешталт Институт – Скопје кај Емилија Стоименова Цаневска и во

2008 година дипломира . Работи континуирано со индивидуални клиенти и од 2014 со групи

студенти .Таа е Европски сертифициран Гешталт Психотерапевт ESP од EAP .

Како Гешталт Психотерапевт се развива и има постојана едукација од областа на Гешталт

Психотерапија . Зема активно учество на повеќе конгреси од областа на Гешталт Психотерапија.

Има поминато едукација во Child centered Play therapy ( level 1) тренинг и супервизија, едукација

во Sandtray therapy и едукација во Muzikoterapy со деца со посебни потреби , невротски и

развојни проблеми.

Надвор од професионалните активности сака да престојува во природа, се занимава со

одгледување на цвекиња, сака да чита книги ида се дружи со пријатели. Активна е и во спортот ,

вози рекреативно велосипед и вежба јога..

Дејан Пауновски-Паки

Фитнес тренер

Вљубеник во железниот спорт,фанатик кој постојано се надградува и работи на подобрување на себе и своите клиенти.

“Повеќекратен државен шампион ,освојувач на медали и учесник на бројни меѓународни натпревари,балкански,светски,меѓу кои и Арнолд Класик Европа. Веќе 15 години е персонален онлајн тренер/ментор,одговорен за многубројни животни и телесни транформации. Обучува почетни и напредни тренери кои сакаат да ги надградат своите вештини за работа со клиенти,нутриционизам и припреми за нивни фитнес натпревари.

Паки вели дека храната е и лек и отров за телото,затоа мораме максимално да селектираме што и колку ќе внесуваме во нашиот организам. Здравите навики ни нудат здраво и убаво тело,тоа пак ни носи здрава психа и самодоверба која ќе ни влијае на работно и љубовно поле.

Се потекнува од ТРЕНИНГ на умот и телото .

Катерина Љамова Богоевска

ментор, едукатор, дигитален креатор

Катерина Љамова Богоевска e ментор, едукатор, организатор на уникатни исуства, дигитален креатор, основач на невладина организација, мултипотенцијалист.

Во последните 7 години креира дигитална содржина и работи онлајн на различни платформи каде има заедница од 14k луѓе. Организатор е на голем број виртуелни настани меѓу кои како најважна ја издвојува Конферецнијата за свесно родителство која се одржа два пати, и тоа во 2022 и 2023 со +1000 учесници и +25 предавачи. Во последната година е фокусирана на нејзиниот авторски програм за креирање содржина за жени (во онлајн бизнис) кои сакаат да креираат квалитетно онлајн присуство и личен бренд во склад со себе.

Ана Јанкуловска

Психотерпевт/ Executive coach

Ана Јанкуловска е Гешталт Психотерапевт(EAGT), Gestalt Practicioner in Organizations (GPO), Systemic and Constallations coach и Leadership Circle practitioner (LCP)

Долгогодишно искуство како оперативен менаџер за планирање, сега поддржува менаџери на средни и извршни позиции да го јакнат своето присуство и да водат со одлучност и емпатија.

Ана креира и заедници за развој- Земја на лидерите-со цел меѓусебна поддршка на лидерите да истапат на својата мисија и зедница Belonging за поддршка на лидери кои работат и живаат надвор од Македонија.

Проф.Др Кнегиња Рихтер Соколовска Психијатар

Директор Дневна Клиника Курамед ,редовен Професор на Техничкиот универзитет за применети науки во Нирберг Германија

Д-Р Лазар Ѓуров, армиски офицер, универзитетски професор, обучувач, мотивациски говорник и консултант.

Лазар е човек кој e фасциниран од лидерството во сите негови форми на манифестирање.

Воедно негова главна страст е анализирањето и решавањето на проблеми и предизвици.

Тој има активен, динамичен, борбен, оптимистички, решителен, отворен и храбар пристап кон животот.

Има неколку општествени улоги. Тој е армиски офицер, универзитетски професор, обучувач, мотивациски говорник и консултант.

На приватен план се труди да биде посветен татко и верен и вреден сопруг.

Дополнително, тој е јога инструктор, младински работник, активист за чист воздух, борец за попросперитетно, поправедно и поорганизирано општество.

Ја сака, ја бара и се труди да ја зборува вистината. Верува дека, колку и да боли, вистината е најважното нешто што треба да биде кажано и што може да нѐ ослободи.

Неговото животно мото е: Ок… и што можеме да научиме сега од ова? Прифаќањето на ситуациите и себеменувањето низ предизвиците го смета како клучно за среќен и успешен живот.

Тој верува дека само вистинското лидерство ќе го спаси и ќе донесе напредок во човештвото, општеството, организациите и во семејствата.

Негова животна мисија е да ги инспирира и подучува луѓето да го развијат лидерот во себе. Секојдневниот лидер. Луѓето да почнат во секојдневието да се водат себеси и другите кон успеси и похармонично и посреќно живеење.

Д-р Лазар Ѓуров е основач и претседател на СИМБИОТИКА. Преку него го помага развојот на луѓето и организациите во насока да ги искористат своите неограничени потенцијали и да функционираат успешно и среќно.

Created with systeme.io